Крамер повторно беше супериорен

0

Холанѓанецот, Свен Крамер, со олимписки рекорд го освои златниот медал на ЗОИ на патеката 5.000 метри.

Среброто го понесе Канаѓанецот, Тед-Јан Блемен додека на третото место на пиедесталот се искачи Норвежанецот, Свере Лунде Педерсен.

„Убаво е да се победи на 5.000 метри и ќе лажам ако кажам дека не ми значи многу“ вели Крамер Холанѓаните кој досега имаат две злата на тековните ЗОИ во брзо лизгање и натаму остануваат фаворити за медали.

Share.

Leave A Reply