Кратовци оптимисти: Дрита е тим кој ни одговара да се надигруваме

0

Во пресрет на утрешниот меч од Лигата на Европа, екипата на Силекс одржа прес-конференција пред дуелот со косовска Дрита. Пред мечот со Косоварите тренерот на кратовци, Горан Симов ги искажа своите очекувања.

„Не очекува тежок меч, а колку немавме среќа со Карабах и таа ждрепка, сега извековме екипа со која можеме да се надигруваме. Ние на хартија сме фаворити, ама на Арената сме и ние гости. На нас во последно време ни одговара ваков широк терен. Едно е сигурно, дека ќе биде неизвесен меч можно е да трае и повеќе од 90 минути. Јас сум тренер кој оди секогаш на триумф, но шансите се 50:50“, истакнува Симов.

Share.

Leave A Reply