Крилниот играч на „нагетс“ ќе оди на рехабилитација

0

Кошаркарот на Денвер Нагетс, Пол Милсап, нема да игра во наредните 4 до 6 недели, стои во објавата на НБА тимот.

33-годишниот Милсап на петочниот меч со Шарлот Хорнетс го скрши прст на десната нога а направените лекарски прегледи покажале дека ќе мора да паузира одреден период.

Крилото на Денвер во тековнава сезона на 25-ет одиграни  натпревари има во просек 13,6 поени, 7 скокови и 2 асистенции.

Share.

Leave A Reply