Криштопанс може да ја одработи и последната сезона

0

Големиот успех што го направија ракометарите на Вардар со овојувањето по втор пат на Лигата на шампионите, веројатно ќе влијае кај Летонецот, Даинис Криштопанс, да остане уште една сезона во редовите на „црвено-црните“.

Познато е дека „бомбардерот“ од 2020 година треба да се пресели во францускиот ПСЖ но, бидејќи до почетокот на неговиот договор има уште една сезона, постојат реални шанси тој да остане во Скопје.

Криштопанс веројатно ќе почека да види што ќе се случува со тимот од финансики аспект а дури потоа ќе одлучи дали ќе побара пред време да го раскине договорот и да замине за Париз.

 

 

Share.

Leave A Reply