Новото и најскапо засилување на Јувентус Кристијано Роналдо повторно е во шпанската престолнина Мадрид, пишува „Corriere dello Sport“.
Тој е таму за да ги реши имотните проблеми, со цел да ја продаде својата куќа во вредност од 5,5 милиони евра. „CR7“ пристигнал во Мадрид и според италијанското издание размислувал да се појави во спортскиот центар на Реал Мадрид, за да се збогуваат со поранешните соиграчи.
Сепак на крајот 33-годишниот Португалец решил да не оди во базата на Реал Мадрид, бидејќи можел да се сретне со претседателот на кралскиот клуб Флорентино Перез, со кого не се во најдобри односи.