Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло изјави дека напаѓачот Кристијано Роналдо ќе може да настапи на натпреварот од 32. коло на италијанската Серија А против Парма.
„Роналдо и Буфон ќе играат против Парма. Мислам дека и Дибала. Тој мора да игра за да се врати во топ форма. Натпреварот со Аталанта беше навистина тежок, но мислам дека тој покажа добра игра“, изјави Пирло.
Да потсетиме, Роналдо го пропушти натпреварот од 31-то коло на италијанскиот шампионат со Аталанта поради повреда на мускулот. Еекипат ана Јувентус загуби со 1:0 на гостувањето во Бергамо.
Натпреварот од 32-то коло во италијанскиот шампионат Јувентус – Парма ќе се одигра утре, 21 април, на стадионот „Алијанц“ во Торино со почеток во 20:45 часот.