Кристијанштад немоќен пред европскиот шампион

0

Ракометарите на актуелниот европски и македонски првак Вардар, стигнаа до лесна и убедлива победа во последното годинешно коло од групната фаза во Лигата нашампионите. „Црвено-црните“ го потврдија лидерското место во групата со осмата победа, овој пат над шведски Кристијанштад со 31-15.

За Вардар оваа победа е нов клупски рекорд со 15 средби во низа без пораз во ЛШ и 20 во низа сезонава без пораз.

Најефикасен кај вардарци беше левото крило Тимор Дибиров со седум гола, а кај гостите Тим Соренсен со четири. Штербик имаше свое шоу на средбата со вкупно 18 успешни интервенции. Следниот натпревар Вардар ќе го игра на 10 февруари следната година против Барселона на гостински терен.

Share.

Leave A Reply