Кристоферсен подобар од Хиршер во Банско

0

Победник на велеслаломската трка од Светскиот куп одржана во Банско – Бугарија е Норвежанецот Хенрик Кристоферсен кој успеа да ги искористи грешките на Марсел Хиршер од Австрија и да дојде до победа со време 2.26,87.

Хиршер кој беше водечки по првата трка направи неколку мали грешки во втората, што на крајот го доведе до победа Норвежанецот Хенрик Кристоферсен кој ги надокнади 22 стотинки кои ги имаше како заостанување по првата трка зад Хиршер.

Французинот Томас Фанара заврши на трето место по крајот на денешните две трки во Банско.

Share.

Leave A Reply