Летонецот Даинис Кристопанс, кој замина од Вардар во текот на сезоната за да се пресели во Германија, пред неговото најавено заминување во ПСЖ, во интервју за руските медиуми отворено зборуваше за Вардар како една од најважните етапи во неговата кариера.
„Прво го научив шпанскиот систем на игра, за кој се зборува на големо. Тоа е вистинскиот ракомет. Ме научија да гледам на работите поинаку. Порано мислев дека веќе знам многу. Клучни беа малите работи за кои јас немав идеја, но кои беа суштината. Научив сосема поинаква перцепција за тактиката“, вели Кристопанс.
За ситуацијата која го натера да си замине вели:
„Во Вардар ситуацијата изгледаше се повеќе тажна. Ветувањата не беа реализирани. Покрај тоа, улогата во тимот на идниот сопственик Михајло Михајловски беше зголемена, но тој беше загрижен за прашањата за следната сезона“, објаснува Летонецот.
За долговите од Вардар вели дека остануваат, но останува и ветувањето дека ќе бидат подмирени.
„Долг остана, но остана и ветувањето на Сергеј Самсоненко дека ќе ги подмири сите долгови до крајот на годината. Се надевам дека ќе биде така.“