Ракометарите на Вардар успеаја да освојат барем еден бод на гостувањето во Белорусија кај екипата на Мешков Брест во новото коло од Лигата на шампионите, а еден од најдобрите играчи Даинис Кристопанс успеа да се најде во „Тимот на колото“ во изборот на ЕХФ.
Летонскиот „џин” одигра одличен меч, постигна осум гола што беше доволна препорака да биде дел од дрим-тимот за деветто коло од Лигата на шампионите.
Во „идеалните 7“ за ова коло во ЛШ се најдоа и:
Лево крило: Стефан Сигурмансон (Пик Сегед)
Лев бек: Жилберто Брито Дуарте (Барселона)
Среден бек: Аидерас Маласинскас (Мотор)
Десен бек: Даинис Кристопанс (Вардар)
Десно крило: Валтер Кринц (Кристијанштад)
Пивот: Хенрик Тофт Ларсен (ПСЖ)
Голман: Роланд Миклер (Веспрем)