Играчот од средниот ред на германската репрезентација, Тони Крос, по вчерашниот пораз од селекцијата на Мексико, изјави дека сега влегуваат под притисок пред преостанатите два меча во групата.
„Не можевме да најдеме решение против Мексико во првата половина. Во втората половина, ситуацијата беше подоба, бидејќи мексиканските фудбалери беа уморни. Имавме доволно шанси да постигнеме гол, но само им ја подарувавме топката. Сега сме под притисок“, вели Крос.
Во второто коло на Мундијалот, Германија ја очекува меч со Шведска на 23 јуни.