Кротоне остана без тренер, Давиде Никола поднесе оставка

0

Тренерот на Кротоне, Давиде Никола поднесе оставка по одиграни 15 кола во Серија А и три последователни порази.

Ова е втора сезона за скромниот клуб во италијанската елита, а минатата година тие беа спасени со импресивна финална серија. Под раководство на Никола, тимот влезе во елитата и се одржа една сезона, а во моментов се наоѓа на 16-то место на табелата со 3 победи, 3 нерешени и 9 порази. 44-годишниот Никола рече дека ја донел одлуката веднаш по поразот од 0:3 од Удинезе во понеделникот. Ова е трет натпревар за тимот без постигнат гол, а по овој пораз се најдоа на само 2 бода од Спал кој е во зоната за испаѓање.

Тренерот одби да даде повеќе детали или да коментира за неговата одлука, а многу локални медиуми пренесуваат дека причината за оваа одлука биле несогласување во врска со голем број прашања со претседателот на клубот Џани Врена.

Share.

Leave A Reply