Кругер покажа неверојатни способности и победи

0

Тимон Кругер направи подвиг и го освои златниот медал на трката 30 километри во скијатлон на ЗОИ во Пјончанг.

Тој зад него ги остави сонародниците Мартин Сунби и Ханс Холунд. Успехот на Кругер ќе остане запаметен бидејќи падна во почетокот на трката и по шест километри заостануваше дури 38 секунди зад лидерот.

Сепак, Норвежанецот тоа успеа да го надмине и на крајот да се израдува на златото.  Интересно е и тоа што Кругер до последен миг „висеше“ дали ќе влезе во олимпискиот тим на неговата земја.

Share.

Leave A Reply