Крвави инцииденти во Мадрид

0

Шпанските медиуми објавија дека едно лице е потешко повредено во вчерашните немири пред мечот Атлетико Мадрид-Севилја во рамките на кралскиот фудбалски Куп.

Засега медиумите немаат прецизни податоци дали станува збор за меѓусебна расправија на домашни навивачки фракции или пак, имало физичка пресметка меѓу фановите на Атлетико и на Севилја. Како и да е, повреденото 22-годишно момче се здобило со рани опасни по живот.

Станува збор за навивач на Атлетико кој е примен во болница со убоди на раката, бутот и грбот. Лекарите се борат за неговиот живот.

 

Share.

Leave A Reply