Ксамакс нов регордер во Купот на Швајцарија

0

Историски голгетерски рекорд го одбележа првото коло од Купот на Швајцарија. Ксамакс го совлада со 21:0 петолигашот Монфокон, а во првиот дел беа постигнати 10 погодоци, додека во вториот 11.

Претходниот рекорд беше поставен пред 70 години, кога Гренхен го надигра Таван со 18:0.

Монфокон доби право да учествува во националниот куп, откако ја освои награда за ферплеј во сезоната 2016/17 на Швајцарската фудбалска федерација.

Share.

Leave A Reply