Кубица и Расел во Вилијамс следната година

0

Ветеранот Роберт Кубица и Џорџ Расел се можен тандем за Ф1 тимот на Вилијамс во сезоната 2019. Нивниот снабдувач на мотори Мерцедес се надева дека ќе успее да го донесе тандемот во болидите на тимот следната сезона.

Резервниот пилот на Вилијамс, Роберт Кубица се претпоставува дека ќе донесе со себе десет милиони долари како спонзорство за 2019. Екипата е во незавидна финансиска состојба, но со парите на Полјакот, како и со таксата која треба да ја плати Ленс Строу за да биде ослободен, буџетот на британскиот тим ќе изгледа многу подобро следната година.

Share.

Leave A Reply