Кубица има конкретни планови за во иднина

0

Роберт Кубица ќе проба да се активира во друг спорт доколку остане со пасивна улога во Формула 1 шампионатот. Тој во 2010 година имаше тежок инцидент кој го одалечи од патеките.

Полјакот сега работи како резервен возач во Вилијамс.Деновиве се слушаа гласини дека пилотот на Вилијамс, Ленс Строу,  ќе се активира во екипата на Рејсинг Форс Индија која од неодамна е во сопственост на неговиот татко.Тоа може да отвори простор за Кубица конечно да влезе во болидот.

„Вложив многу напор да дојдам до тука. Мојот приоритет е во наредната сезона да стартувам на трката во Австралија. Ако тоа не се случи, тогаш ќе размислувам за учество во други конкуренции. Сега сум фокусиран само на Формула 1“ потенцираше Кубица.

 

Share.

Leave A Reply