Ракометниот вицешампион и претставник на Македонија минатата сезона на нашата земја во Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер го официјализираше шестото засилување за сезоната 2020/21.
Засилувањето на тимот на Жељко Бабиќ продолжува и од денес нов член на битолскиот суперлигаш е младиот Дејан Кукуловски, кој минатата сезона го носеше дресот на Вардар. Станува збор за играч, кој ги помина младинските екипи на Вардар, а потекнува од школата од Ресен. Настапуваше за Вардар Јуниор, кој беше чќен на Суперлигата, додека повремено добиваше и шанса за игра во првиот тим.
Дебитираше за првиот тим на Вардар во СЕХА-лигата пред две години, додека минатата сезона постигна и два гола во натпреварите од Лигата на шампионите. Кукуловски се обврза на договор на три сезони со екипата на Еурофарм Пелистер.
До овој момент нови членови на оваа екипа се Мараш, Мандалиниќ, Кушан, Периќ и Танкоски, а беа продолжени договорите со Трајковски, Вегар, Граџан, Ѓукиќ и Кукоски.