Фудбалерот на Наполи, Калиду Кулибали, иако е разочаран од вчерашниот пораз кај Ливерпул и елиминацијата од Лигата на шампионите, вели дека неговиот тим мора со сите сили да се насочи кон Лигата на Европа.
„Примивме гол и потоа не успеавме да се вратиме. Во одредени периоди од мечот преовладуваше нервозата особено по примениот гол. На крајот навистина бевме блиску да направиме нешто повеќе, но, не успеавме“ – вели црномурестиот фудбалер на Наполи.
„Сега се ќе дадеме во Лигата на Европа. Ние ќе сториме сé за да ја освоиме Лигата на Европа. Се надеваме дека ако ја задржиме самодовербата ќе можеме да го обезбедиме и пехарот“ – рече Кулибали.