Кулушевски ќе конкурира за наградата најдобар млад фудбалер

0

Напаѓачот на Јувентус, Дејан Кулушевски, кој има корени од Македонија, ќе се бори за наградата –„Златно момче“.

Италијанскиот – „Тутоспорт“, ја објави листата од 20 млади фудбалери која ја предводат играчите на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд (Норвешка) и  Џејдон Санчо (Англија). На неа меѓу фаворитите се ставени и Алфонсо Дејвис и Едуардо Камавинга.

Тие се најсериозни кандидати за да го наследат Жоао Феликс од Атлетико Мадрид кој беше најдобар млад фудбалер за изминатата година. Кулушевски покрај за Јувентус настапува и за селекцијата на Шведска.

 

Share.

Leave A Reply