Куман ќе инсистира Лукаку да потпише нов договор

0

Тренерот на фудбалерите на Евертон, Роналд Куман, изјави дека клубот ќе направи се што е можно за да го задржи  белгискиот репрезентативец, Ромелу Лукаку. 23-годишниот напаѓач има договор до лето во 2019 година, но, неодамна го отфрли предлогот на раководството за неделна плата од 140 илјади фунти доколку ја продолжи соработката.

Лукаку објасни дека сака да го напушти „Гудисон Парк” и да замине во некој од европските гиганти за да може да стане ѕвезда на светскиот фудбал. Тој во тековната сезона има 22 гола и 7 асистенции во 30 официјални натпревари на Евертон.

„Ќе вложиме максимални напори да го задржиме Ромелу. Навивачите го сакат. Желбата на клубот е да се задржат најдобрите играчи, но, последниот збор ќе го има Лукаку “, коментира Куман. Лукаку е проценет на 80 милиони фунти а за него се заинтересирани : Милан, Челзи, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Атлетико Мадрид и Пари Сен Жермен.

Share.

Leave A Reply