Кумановци го започнуваат настапот во БИБЛ лигата

0

Кошаркарите на Куманово со денешниот меч против бугарскиот Левски ќе ја започнат новата сезона во регионалното натпреварување.

Натпреварот ќе се одигра во салата „Универзијада“ во Софија со почеток во 18 часот. Годинава во БИБЛ лигата според новиот формат, сите осум учесници ќе одиграат два меѓусебни меча.

Покрај Куманово нашава земја ќе ја претставува и Блокотехна од Гевгелија. Екипите на : Академик Бултекс од Пловдив, Левски 2014 Софија и Рилски Спортист се претставниците од Бугарија, Ибар Розаје доаѓа од Црна Гора, Тирана од Албанија и Башкими од Призрен, Косово.

Share.

Leave A Reply