Кумановци ја загубија битката за титулата

0

Кошаркарите на Куманово претрпеа тежок пораз на гостувањето во Стара Загора во првиот меч од финалето на регионалната кошаркарска БИБЛ лига.

Бугарскиот Берое славеше со 84 спрема 55 и практично ја обезбеди титулата бидејќи со убедливи 29 поени ќе допатува на реваншот во нашава земја. Тренерот на Куманово, Марјан Србиновски, признава дека домаќинот славел заслужено.

„Имавме многу проблеми во нападот и не успеавме да се справиме со нивната агресивна игра. Немавме ден во обидот за тројка и промашивме многу чисти позиции. Тимот на Берое ја казни секоја наша грешка и заслужено победи. Нема да се предадеме и ќе се обидеме да направиме чудо во реваншот. За нас е успех што стигнавме до финалето, но, никогаш не е пријатно да загубиш катастрофално “, коментира Србиновски пред камерите на „БНТ“

 

Share.

Leave A Reply