Натпреварите во Купот на Франција ќе бидат прекинати до 1 декември поради пандемијата на коронавирусот, објави тамошната фудбалска федерација.
Сите натпревари закажани за овој период ќе бидат одложени за подоцнежни датуми во зависност од тоа како се развива пандемијата во земјата. Оваа одлука нема да влијае на шампионатот на Франција во машка и женска конкуренција, но натпреварите ќе се играат без публика.
Планирано е да се одржат и сите меѓународни средби на француските репрезентации.