Куртоа е втор асистент голман во Лигата на Шампионите

0

Белгискиот голман на голот на Челзи Тибо Куртоа стана втор голман кој направил асистенција во Лигата на шампионите.

Куртуа му ја додаде топката на Давиде Запакоста на својата половина, а потоа следуваше одличен спринт на Запакоста и удар од далечина со кој Италијанецот го реализираше вториот гол по половина час игра во победата на „сините” со 6:0 над Карабах (Азербејџан) на „Стемфорд Бриџ”.

Предходно вакво нешто во Лигата на шампионите имаше направено Фрејзер Форстер од Селтик во победата од 2:1 над Барселона во 2012 година. Со голот кој синоќа го постигна, Запакоста стана 100-от италијански фудбалер кој постигнал гол во Лигата на шампионите.

Share.

Leave A Reply