Откако тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, изјави дека Тибо Куртоа, бил прогласен за најдобар само затоа што го носи дресот на Реал Мадрид, Белгиецот излезе со негово видување.
„Симеоне го критикува Реал за да биде популарен меѓу навивачите на Атлетико, но, кога се критикува најголемиот тим на светов, тогаш тоа е чист популизам“ – потенцираше Куртоа.
Репрезентативецот на Белгија нагласи дека ја добил наградата од ФИФА поради добрите игри во Челзи и во дресот на неговата селекција на Мундијалот во Русија.