Курзава е казнет со 6 средби!

0

Дисциплинската комисија на француската Лига 1 ги одреди казните за сите инволвирани во инцидентот на дербито ПСЖ и Олимпик Марсеј.

Во финишот дури петмина фудбалери заработија исклучувања. Најголема казна доби левиот бек на ПСЖ, Левен Курзава, кој е суспендиран на дури шест натпревари. Неговите соиграчи, Леандро Паредес и Нејмар се казнети со два меча.

Фудбалерот на Олимпик Марсеј, Жордан Амави ќе паузира три средби додека неговиот клупски колега, Дарио Бенедето, доби суспензија од еден натпревар.

Share.

Leave A Reply