Играчот од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо, кој моментно е на позајмица во Баерн, изрази желба да остане во клубот од Минхен.
„Тука се чувствувам многу пријатно. Планирам да останам овде најмалку една година и да се фокусирам на мојот престој овде. Ако се оди добро, би сакал да останам во Баварија“, изјави Кутињо за весникот „Марка“.
Кутињо се пресели во Баерн минатото лето. Според условите за позајмица, Баерн Минхен може да го купи Бразилецот од Барселона за 120 милиони евра.
Оваа сезона 27-годишниот играч од средниот ред учествуваше на 12 натпревари во Бундес лигата, на кои постигна 3 гола и 3 асистенции . баерн Минхен во моментов по 13 кола го завзема четвртото место во шампионатот на Германија.