Кутињо: Не е нормално што не сме победиле 4 меча

0

Офанзивниот играч на Барселона, Филипе Кутињо, вели дека серијата од четири натпревари без победа во Ла Лига не е нормална, но во исто време не е загрижувачка.

„Не сум загрижен за оваа серија, но од наша гледна точка ние сме меѓу лидерите и почнавме многу добро во Лигата на шампионите. Точно е дека имаме четири натпревари без победа во шампионатот, а ова дефинитивно не е нормално, но тоа е само почеток на една долга сезона. Наскоро работите ќе се променат, вели Бразилецот.

Share.

Leave A Reply