По вчерашното пристигнување во баварија на лекарски прегледи, утрово Баерн (М) и официјално го потпиша договорот со бразилскиот офанцивен играч за врска, Филипе Кутињо.
Довчерашниот фудбалер на Барселона се сели на позајмица во редовите на германскиот шампион на една година, и се очекува да биде клучното засилување за баварците оваа сезона. На преставувањето беше потврдено дека Кутињо ќе го добие дресот со број 10.