Кузманоски е префрлен кај сениорите

0

Тимот на Еурофарм Пелистер денеска официјално го промовираше најновото засилување – македонскиот репрезентативец, Цветан Кузманоски.

–Ќе дадам сè од себе да се наметнам што подобро и да добијам поголема минутажа. Знаеме за каков клуб станува збор. Се вклопив одлично во екипата, сите добро ме прифатија а со некои се знаев и од порано. Мислам дека клубот е добро организиран и имаме добри услови за напредок како млади играчи“ – вели Кузманоски.

Младиот играч ќе дебитира во наредниот период во натпреварите од СЕХА лигата, Лига Европа и Суперлигата.

Share.

Leave A Reply