Кузмановски го парафираше договорот со Магдебург

0

Нашиот ракометен репрезентативец, Филип Кузмановски, потпиша тригодишен договор со германскиот бундеслигаш Магдебург кој ќе стартува од месец јуни. Задоволството од ангажманот на нашиот бек не го криеше тренерот на германците, Бенет Вигерт.

„Филип Кузмановски има и големо интернационално искуство со настапите во Лигата на шампионите како и во дресот на македонската репрезентација на сите светски и европски првенства. Се работи за играч флексибилен во нападот и во одбраната.Со нетрпение го очекуваме во нашите редови “ – вели тренерот на Магдебург, Бенет Вигерт.

Кузмановски до крајот на сезоната ќе ги брани боите на Еурофарм работник а потоа во текот на летото ќе се пресели во Германија.

Share.

Leave A Reply