Кузнецова ја санирала повредата

0

Двократната шампионка од тениските Грен слем турнири, Светлана Кузнецова, планира да се врати на терените во март или април. 32-годишната Русинка која го пропушти Отвореното првенство на Австралија во месец јанаури, полека се опоравува од операцијата на зглобот на левата рака.

„Започнав да тренирам по два пати на ден. Се чувствувам добро. Се надевам дека набрзо ќе можам да се вратам на теренот. Планирам да играм на силните турнири во Индијан Велс и во Мајами ”  рече Кузнецова.

Таа последен пат одигра официјален меч во септември во 2017 година а потоа мораше да замине на принудна пауза. Тоа влијаеше да се спушти дури на 19-то место на светската ранг-листа. Турнирот во Индијан Велс ќе започне на 7 март а собирот во Мајами ќе стартува на 20-ти март.

Share.

Leave A Reply