Квајт ќе се врати во „циркусот на тркала“

0

Даниел Квајт повторно ќе биде дел од возбудувањата во Формула 1. Тоа треба да го потврди  тимот на Торо Росо на 30 септември на трката за Големата награда на Русија која ќе биде возена на патеката во Сочи.

Тој започна во тимот на Торо Росо и доби шанса во Ред Бул, но, поради слабите резултати беше вратен во јуниорскиот состав . Квајт во тековната сезона беше дел од тимот за развој на Ферари а со заминувањето на Пјер Гасли во Ред Бул, повторно ќе добие шанса да се натпреварува во Формула 1.

Самиот возач го информирал и раководството на Ферари дека на крајот на сезоната ќе си замине од екипата.

Share.

Leave A Reply