Квајт ја има поддршката од Тод

0

Никола Тод ќе биде максимално активен околу евентуалното враќање на рускиот возач Даниел Квајт во Формула 1 шампионатот и тоа во екипата на Торо Росо. Французинот откри дека работи со Квајт извесен период и дека Русинот има уште што да покаже во Формула 1.

Квајт кој го напушти составот на Ред Бул по Гран При трката на САД во 2017 година, во тековнава работи како тест возач во тимот на Ферари. Иако неговото враќање во Торо Росо не е потврдено, тој ја прекина работата во Скудерија.

„Мислам дека Квајт е позрел, но, нема да брзаме да донесеме одлука. Ние ќе го решиме проблемот со нашите пилоти бидејќи имаме долга листа на имиња пред нас” – рече советникот на Ред Бул и на Торо Росо, д-р Хелмут Марко.

Share.

Leave A Reply