Квартараро најдобар на патехата Херез

0

Францускиот возал со Јамаха Фабио Квартараро ја забележа и втората победа на стартот на новата сезона во Мото ГП шампионатот.

Французинот со Јамаха дојде до првото место на пиедесталот, користејќи го отсуството на Марк Маркез на патеката во Херез. Младиот 21-годишен Француски возач зад себе го остави Маверик Вињалес, додека место на подиумот како трет имаше и за Валентино Роси. Тие двајца водеа голема борба во завршницата, но немаа можност да го стигнат Фабио Квартараро.

Шампионот Маркез во последен момент вчера се откажа од настап на оваа трка, иако пристигна на патеката „Анхел Нието“ со скршеница на раката. Неколку дена по операцијата во Барселона тој се појави вчера на патеката, но поради големите болку не сакаше да ризикува.

Следната трка од Мото ГП е закажана за 9 август, а ќе се вози на патеката Брно во Чешка.

Share.

Leave A Reply