Квартараро по трет пат во сезонава победи на патеката во Шпанија

0

Возачот на Петронас Јамаха, Фабио Квартараро, беше најбрз на денешната трката за Големата награда на Каталонија.

Второто место со една секунда заостанување го освои  Жоан Мир со моторот на Сузуки додека третото место на подимуот го пополни неговиот тимски колега, Алекс Ринс.Трката на Каталуња освен победата на Квартараро ја одбележаа и падот на Валентино Роси како и судирот меѓу Андреа Довициозо и Жоан Зарко.

Квартараро со денешната победа се искачи на првото место во рангирањето со 108 бодови пред Мир кој има 100 додека Винјалес е трет со 90 бодови. Наредната трка во Мото ГП шампионатот ќе се вози на 11. октомври на патеката Ле Ман во Франција.

 

 

Share.

Leave A Reply