Квитова и Осака ќе се борат за трофејот на Австралија Опен

0

Чешката тенисерка Петра Квитова и Јапонката Наоми Осака ќе играат во финалето на првиот Грен Слем турнир оваа сезона Отвореното првенство на Австралија.

Шестата тенисерка на светот, со 2:0 во сетови (7:6, 6:0) успеа да ја совлада Дениел Роуз Колинс од САД и со тоа да обезбеди место во мечот за првиот голем трофеј во новата година.

Осака потоа спречи во финалето да се сретнат две чешки тенисерки, откако беше подобра од Каролина Плишкова. Славеше со 2:1 во сетови (6:2, 4:6, 6:4).

Финалето во женскиот сингл ќе се игра в сабота во Мелбурн. Квитова и Осака досега не се сретнале меѓусебно.

Share.

Leave A Reply