Квјат се враќа во Торо Росо?

0

Резервниот пилот на Ферари, Данаил Квјат може да ја продолжи својата кариера во тимот на Торо Росо. Веста ја потврдија неколку извори, откако 24-годишниот Русин е една од варијантите за преселба во тимот следната сезона.

Квјат е на врвот на листата на потенцијални кандидати за местото во Торо Росо, па наскоро се очекува само потврда со официјално потпишување на договорот. Главен опонент засега му е возачот на Мекларен, Лендо Норис.

Враќањето на Квјат стана можно поради фактот што Пјер Гесли ќе ја продолжи својата кариера во Ред Бул , а иднината на Брендон Хартли во тимот сеуште не е сигурна.

Share.

Leave A Reply