ЛА Лејкерс добија нов тренер

0

НБА екипата на ЛА Лејкерс добија нов тренер, а тоа е поранешниот тренер на Индијана и Орландо, Френк Вогел. Тој постигна договор со раководството на ЛА Лејкерс за преземање на тренерската функција во прославениот клуб од Лос Анџелес.

Френк Вогел кој има 45 години, во Лејкерс доаѓа како тренер со осумгодишно искуство и биланс од 304 победи и 291 порази, но и две конференциски финалиња во 2013 и 2014. Тој досега има водено екипи само од Источната конференција, Лејкерс ќе му биде прв тим од западот.

По разделбата со Лук Волтон кој имаше очајна сезона и покрај доведувањето на суперѕвездата Леброн Џејмс, Лејкерс бараа тренер кој ќе ги исполни нивните големи очекувања, а изборот падна на Вогел. ЛА Лејкерс шест сезони по ред е надвор од плејофот, од 2011 наваму направија промена на пет тренери, Вогел е шестиот и е сосема јасно што ќе бид еглавната задача на новиот предводник на „езерџиите“.

Share.

Leave A Reply