ЛА Лејкерс ги повлекува двата броја на Коби Брајант

0

Лос Анџелес Лејкерс ќе ги повлече двата броја со кои настапуваше легендата на тимот Коби Брајант, изјавија денес од клубот. Бекот на ЛА Лејкерс ги носеше дресовите со број 8 и 24 во својата 20-годишна кариера и ќе биде испочитуван на паузата на дуелот против Голден Стејт Вориорс на 18-ти декември.

Тој постигна 33 643 поени во дресот на „Езерџиите“, што го ставија на трето место на вечната листа и помогна за освојување на 5 титули. Коби одигра 10 сезони со два броја, со првиот стана три пати шампион, а со вториот два пати. Со број 24 двапати играше во финалето и 10 пати беше избран за натпревар на ѕвездите, додека 8 пати со број 8.

„Како дете додека растев во Италија, секогаш сонував мојот дрес да биде поставен на во салата на Лејкерс, но не сум замислував дека два мои дресови  ќе бидат изложени таму. Тоа е неверојатна чест”, изјави Коби Брајант. Тој ќе биде десеттиот играч во историјата на тимот чиј број не е во употреба.

Share.

Leave A Reply