Кошаркарите на ЛА Лејкерс успеаа да го искористат отсуството на Горан Драгиќ и Бам Адебајо од составот на Мајами за да поведет со 2:0 во НБА финалето против Мајами. ЛА Лејкеср ноќеска славеше со 124:114 и со тоа ја зголеми предноста во финалната серија во борба за титулата.
Фаворитот водеше во текот на целиот натпревар и таа предност ја одржуваше во текот на сите четвртини и не му дозволи на Мајами да се доближи. Во редовите на ЛА Лејкерс, најефикасен беше Леброн Џејмс со 33 поени и по девет скока и асистенции, додека Ентони Дејвис успеа да уфрли 32 поени и 14 скока.
Кај Мајами пак Џими Батлер беше најефикасен со 25 поени, 13 асистенции и осум скока. Одличен беше и Кели Олиник кој го замени Адебајо и го заврши мечот со 24 поени. Оваа предност може да биде решавачка за ЛА Лејкерс да дојдат до титулата во НБА лигата, што ќе биде нов успех за лидерот во тимот Леброн Џејмс кој би можел да дојде до четвртиот шампионски прстен.