„Ла Лига“ доминантна, 11 години по ред „Златната топка“ оди во Шпанија

0

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси ја освои Златната топка за 2019 година и со тоа продолжи традицијата која трае повеќе од една деценија, имено највредната индивидуална награда во фудбалот повторно ја освојува играч од шпански клуб.

Играчот кој не беше дел од „Ла Лига“ , а ја доби наградата во 2008 година беше Кристијано Роналдо, кој сè уште го носеше дресот на Манчестер Јунајтед.  Другите 4 трофеи ги освои Португалецот како дел од Реал Мадрид – во 2013, 2014, 2016 и 2017 година. Меси беше добитник на „Златната топка“ во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015 и 2019 година, а во 2018 година наградата му припадна на Лука Модриќ.

Ова значи дека во текот на изминатите 11 години „Златната топка“ завршува кај играч кој настапува во шпанското првенство.Барселона се изедначи со Реал Мадрид по бројот на добиени награди. Златната топка е подигната 11 пати од играчи на Кралскиот клуб и исто толку пати ја имаат освоено и Каталонците.

Најмногу (7 пати) „Златната топка“ ја добивале играчи од Германија, Холандија и Португалија. Аргентина веќе има 6 трофеи, сето тоа благодарение на Меси. Шест пати наградата ја подигнале и Французите.

Share.

Leave A Reply