Ла Лига и „Медиапро’ се договорија, бесплатни ТВ преноси во старечките домови

0

Ла Лига и носителот на телевизиските права за шпанскиот фудбалски шампионат „Медиапро“ постигнаа договор дека остатокот од сезоната 2019/20 ќе се емитува бесплатно во старечки домови низ цела Шпанија.

Оваа земја беше една од најтешко погодените во Европа од коронавирусот, во кој загинаа 27.000 луѓе во кралството, од кои повеќе од 17.500 во домовите на стари луѓе.

„Овој гест има за цел да ја разбие изолацијата и осаменоста што ја доживеале толку многу луѓе во земјата. Знаеме дека кризата најтешко ги погоди луѓето во старечки домови и по повеќе од 70 дена изолација сакаме да ги израдуваме најстарите љубители на фудбалот со тоа што ќе ги гледаат натпреварите на нивните омилени тимови“, посочија од Ла Лига. Шпанското првенство беше суспендирано во средината на март, но се очекува да биде повторно започнато на 11 јуни.

Share.

Leave A Reply