Ладецка влезе во историјата

0

Естер Ладецка приреди огромно изненадување во денешната трка во супер-велеслалом на ЗОИ во Пјонгчанг.

Скијачката од Чешка која е главно ориентрирана со настапи во сноуборд, успеа сензационално да го освои златниот медал пред Австријката Ана Вејт и Тина Вајрајтер Лихтенштајн. Главната фаворитка, Линзи Вон, поради грешка не успеа да дојде до медал. Ладецка која во моментов е 43-та во светскиот куп во супер-велеслалом, никогаш не завршила трка меѓу првите 20-ет.

Чешката олимпијка в четврток ја очекува нов настап на Игрите во Кореја. Таа е пријавена за трката во паралел-слалом во сноуборд

 

Share.

Leave A Reply