Лајпциг не го пушта Вернер во Реал

0

Напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер нема да го напушти германскиот клуб следната сезона, и покрај силниот интерес од страна на Реал. Ова го најави спортскиот директор на германскиот тим, Ралф Рангник.

Германскиот репрезентативец еден од најпродуктивните фудбалери оваа сезона и со тоа сосема заслужено се најде во фокусот на најголемите светски тимови. Сепак, лајпциг не сака да се раздели со него.

„Тимо знае дека ќе продолжи да игра за нас и следната сезона. Сега преговараме за промена и продолжување на договорот“, потврдил Рангник

Share.

Leave A Reply