Спортски директор на РБ Лајпциг, Ралф Рангник, повторно ги коментираше шпекулациите за иднината на напаѓачот Тимо Вернер. Тој смета дека германскиот репрезентативец ќе мора да се продаде ако продолжи да одбива да го продолжи договорот.
„Нашата позиција е таква што ако Вернер не го продолжи договорот, тој треба да си замине. Тимо мора прво да се договори за личните услови со друг клуб, кој е должен потоа да не извести нас. Тоа засега не се случило“, потврди Рангник.
Договорот на напаѓачот со РБ Лајпциг е до летото 2020-та година.