Лаказет ќе паузира само една недела

0

Повредата на фудбалерот на Олимпик Лион, Александре Лаказет не е сериозна и по паузата за репрезентативни натпревари тој ќе биде назад во тимот за првенствените средби. Вчера Лаказет мораше да го напушти мечот на стартот на второто полувреме.

„Лаказет има повреда на стапалото, но вака не изгледа страшно. Мислам дека оваа репрезентативна пауза ќе биде доволна за да се врати на терените“, изјавил тренерот на Лион, Бруно Женесио.

И покрај тоа што е еден од најдобрите реализатори во француската Лига 1, Лаказет не е повикан во репрезентацијата за престојните дуели со Луксембург и Шпанија.

Share.

Leave A Reply