Лакрабер си пронајде нов клуб

0

Француската ракометарка во редовите на Вардар, Александра Лакрабер, ќе го напушти „црно-црвеното“ семејство и ќе се врати во татковината, објави денеска весникот – „Л’Екип“.

Наводно, таа договорила двегодишна соработка со тимот на Флури со можност за продолжување за уште една сезона. Лакрабер ќе остане во Вардар до крајот на тековнава сезона и ќе се обиде да го подигне победничкиот пехар во Лигата на шампионите.

Нејзиниот потег може да биде иницијална каписла и за другите ракометарки од типот на: Лејно, Пенезиќ, Лекиќ итн, да се определат да го напуштат составот налик на збиднувањата во машкиот тим на Вардар.

Share.

Leave A Reply