Лалатовиќ гледа со респект кон нашата селекција

0

Селекторот на фудбалската репрезентација на србија до 21 година,Ненад Лалатовиќ, вели дека неговите избраници треба да го заборават поразот од Португалија на старот на Еп во Полска и да се насочат кон утрешниот меч со Македонија.

Ништо не е загубено по поразот од Португалија. Сегашнава генерација има квалитет да одигра добро против Македонија и да ги освои бодовите. Го анализиравме противникот и можам да кажам дека Македонците не беа инфериорни на дуелот со Шпанија. Имаа добри шанси, но, примија лесни голови по грешките на нивниот голман“ вели Лалатовиќ.

„Мораме повеќе да шутираме. Ако победиме, ќе останеме во игра за место во полу-финалето. Мечот против Македонија може да биде решавачки“ нагласи селекторот на Србија.

Share.

Leave A Reply